време горештина

Денеска и утре многу топло со температури до 40 степени, од петок заладување

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 27 до 39 степени, а УВ индексот ќе биде 8.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигне 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …