Директорот на ЦИА Барнс во Белград, нема официјална потврда

Директорот на ЦИА Барнс во Белград, нема официјална потврда

Пристигнувањето на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Белград по неговата посета на Сараево, ниту го потврди ниту го демантираше, ниту еден функционер во Србија или САД.

Од ЦИА за Радио Слободна Европа изјавија дека „не го коментираат распоредот на патувањето на директорот“.

Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) не одговори на прашањата на РСЕ за пристигнувањето на Барнс, додека Амбасадата на Соединетите Држави во Белград ги упати сите одговори до прес-службата на ЦИА.

Официјални информации за оваа посета немаше и од Претседателството и Владата на Србија.

Според неофицијални информации на РСЕ, директорот на ЦИА допатувал во Белград по еднодневната посета на Босна и Херцеговина (БиХ) на 20 август.

Во Сараево, Барнс имаше средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството, како и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Како што изјави за РСЕ официјален претставник на Владата на САД, кој побара да остане анонимен, причина за посетата на директорот на ЦИА на Сараево, меѓу другото, е и загрижувачката сецесионистичка реторика и постапките на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС.

Поранешен дипломат и поранешен амбасадор во Русија, Барнс е централна фигура во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, бидејќи тој е и член на претседателскиот кабинет на Белата куќа.

Бајден го назначи на позицијата директор на американската Централна разузнавачка агенција во јануари 2021 година.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …