Екипата на „Металург 2“ победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Екипата на „Металург 2“ победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Со доделувањето на наградите на најдобрите екипи и поединци, синоќа во спортската сала на ЕМУЦ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, заврши меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“.

Екипата на „Металург 2“ победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“Победник на турнирот е екипата на РК „Металург 2“, на која пехарот за освоеното прво место ѝ го предаде градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Второто место им припадна на домаќините, екипата на РК „Прилеп“, третото го освоија ракометарите на ГРК „Тиквеш“, а четвртопласирана беше екипата на РК „Алушовски“.

За најдобар голман е прогласен Иван Ангелески од РК „Прилеп“, прв стрелец на турнирот со постигнати 19 голови е Јане Јанчев од ГРК „Тиквеш“, додека Глигор Гајиќ од екипата на „Металург 2“ е прогласен за најдобар играч.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …