ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопшти денес АД ЕСМ.

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски е назначен на местото за в.д. директор во РЕК Осломеј каде е разрешен директорот Златко Пиперкоски.

Од управата на АД ЕСМ најавија дека во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …