Филипче оддаде почит на делото на Глигоров: Нема успешна иднина без почитување на историјата

Филипче оддаде почит на делото на Глигоров: Нема успешна иднина без почитување на историјата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оддаде почит на ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, заедно со неговата ќерка Донка Глигорова и неговиот шеф на кабинет, Живко Кондев.

  • Длабока почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1, на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата Татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и  НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата, порача претседателот Венко Филипче.

Прочитајте повеќе

Посетата на Орбан на Москва ги налути европските претставници

Посетата на Орбан на Москва ги налути европските претставници

Неколку дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, унгарскиот премиер Виктор Орбан …