Форум на жени на СДСМ Прилеп: Поетско-музички рецитал во чест на Блаже Конески

Форум на жени на СДСМ Прилеп: Поетско-музички рецитал во чест на Блаже Конески

По повод 100-годишнината од раѓањето на поетот, прозаист, книжевен историчар, филолог и кодификатор на македонскиот литературен јазик, академик Блаже Конески, Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ од Прилеп организираше пригоден настан пред неговата родна куќа во Небрегово.

Форум на жени на СДСМ Прилеп: Поетско-музички рецитал во чест на Блаже КонескиПретседателката на Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, нагласи дека со организирањето поетско-музички рецитал со избрани песни од богатото творештво на Конески, Форумот на жени се приклучува кон Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, донесена од Владата на Република Северна Македонија, а во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на ОО на СДСМ и пратеник, Миле Талевски, кои положија цвеќе пред спомен-плочата на куќата на Конески.

Поздравувајќи ја идејата за организирање ваков настан, во своето обраќање градоначалникот Јованоски ја истакна важноста на Блаже Конески во стандардизирањето и изработката на граматиката на современиот македонски јазик, како и неговата улога во формирањето на МАНУ и на Друштвото на писатели, чиј прв претседател бил токму тој.

Форум на жени на СДСМ Прилеп: Поетско-музички рецитал во чест на Блаже КонескиГенералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата, со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија. Воедно, мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески, кои се инкарнирани во неговото монументално дело.

Истовремено, денот на кој се родил овој исклучителен културен деец, е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …