Глобус

Вести од светот

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна …

Прочитајте повеќе »

Албанскиот премиер Рама побара помош за закрепнување на земјата

Албанскиот премиер Рама побара помош за закрепнување на земјата

Албанскиот премиер Еди Рама, ја повика меѓународната заедница да испрати финансиска и експертска помош за земјата да закрепне по силниот земјотрес во кој загинаа 51 лице, а илјадници останаа без своите домови. Според Рама, иако Владата работи на ребаланс на буџетот, ќе биде невозможно да се направи се’ без поддршка …

Прочитајте повеќе »

„Фактограф“: Хрватската влада со европски пари поддржува ширење дезинформации

„Фактограф“: Хрватската влада со европски пари поддржува ширење дезинформации

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“ неодамна остро се спротивстави на потегот на хрватската влада да додели дури 98.000 куни (13.200 евра) неповратни пари на порталот dnevno.hr за редизајнирање. Dnevno.hr е еден од водечките создавачи на дезинформации во хрватскиот медиумски простор, но сепак владата им доделува пари …

Прочитајте повеќе »

Пацоли донираше милион евра за обновување на погодените подрачја од земјотресот

Пацоли донираше милион евра за обновување на погодените подрачја од земјотресот

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување, Беџет Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Тој преку објава на Фејсбук, соопшти дека тоа е најмалку што тој и неговото семејство може да направат за, како што пишува „нашата драга Албанија“. Пацоли пишува …

Прочитајте повеќе »

Силен земјотрес ја погоди Албанија, најмалку 6 загинати и 300 повредени лица

земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала, утринава нешто пред 04.00 часот ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Драч и Тирана, на длабочина од околу 10 километри. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=xE1V6-e1oAE&feature=emb_logo Првичните информации зборуваат за најмалку 6 мртви и 300 повредени лица, но не се исклучува можноста овие …

Прочитајте повеќе »

Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“ во една од своите најнови статии се осврнува на проблемот со лажна наградна игра на синџирот супермаркети „Конзум“ во Хрватска. Со понуда за бонови за пазарување во супермаркетите се намамуваат фанови на Фејсбук страници и се прибираат нивни лични податоци, иако „Конзум“ на официјалната Фејсбук-страница …

Прочитајте повеќе »

Фотографија на денот: Големи поплави во Венеција

Фотографија на денот: Големи поплави во Венеција

Венеција е погодена од најтешки поплави во последните 50 години. Плоштадот Свети Марко е целосно под вода, а водата им нанесе штети и на ѕидовите на базиликата Свети Марко. Основните училишта и градинките во градот се затворени. Градоначалникот Луиџи Бруњаро зборува за „катастрофа“ и ги мобилизираше сите сили за спасување. …

Прочитајте повеќе »

Гласачката екипа на Мишел Обама (видео)

Гласачката екипа на Мишел Обама (видео)

Речиси една година пред наредните претседателски избори во САД, поранешната прва дама Мишел Обама објави ново видео на Инстаграм во кое заедно со група познати личности го повикуваат американскиот народ да се регистрира за да гласа. Во видеото вели дека минатата година имало милиони нови гласачи кои гласале за прв …

Прочитајте повеќе »