Голем пожар во Мариово

Голем пожар во Мариово

Во Мариово беснее пожар кој се ширел во линија долга 20 километри,

Како што соопшти Центарот за управување со кризи денеска пожарот ќе се гаси од земја и од воздух.

Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен, изјави синоќа Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Пожарот како што соопштија градските власти на Прилеп се гледал од самиот град, но немало опасност по населените места и манастирите во мариовско.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …