Грчка делегација предводена од Ципрас, во вторник во посета на нашата држава

Грчка делегација предводена од Ципрас, во вторник во посета на нашата држава

Во вторник, 2.април, делегација на Грција предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на Северна Македонија.
Во склоп на посетата, делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата.
После неколку кратки билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави, во владата на РСМ ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа во холот на Владата и заедничка прес конференција на премиерите Заев и Ципрас.
Оттаму, делегацијата на Грција ќе се упати кон Парламентот на средба со Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
На крајот на посетата, премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас.

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …