Хуманитарен настан во Прилеп за помош на социјално загрозено семејство

Хуманитарен настан во Прилеп за помош на социјално загрозено семејство

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) повеќе од 20  години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст.

Ние, како дел од оваа Програма, решивме да направиме мал проект кој има цел да помогне на семејство кое живее во рурална средина. Семејството се состои од татко и 8 годишно дете и живеат во тешка состојба. Затоа одлучивме преку акции и донации да собереме финансиски средства и истите да ги искористиме за купување на потребен инвентар за домот.

Затоа ве покануваме сите да ја покажеме нашата хумана страна и да се забавуваме со нашите комичари во среда, 12.04.2023 година, во големата сала во НУЦК „Марко Цепенков” во Прилеп.

Телефон за резервација на карти: 079 394101

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …