испитување ИЈЗ ХИВ СИДА

ИЈЗ: Во јули потврдени пет нови случаи на ХИВ и два случаи на СИДА

Во јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаи на СИДА. Шестмина се мажи и една е жена. Лицата се на возраст од 20 до 59 години

Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите, со 645 пријавени случаи, наведено е во месечниот билтен за движењето на акутните заразни заболувања што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на јуни, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од ентероколити за цели 97,9 отсто, а во однос на ланскиот јули, се регистрира зголемување за дури 50 отсто.

На второ место по број на пријавени заболени во месец јули се овчите сипаници со вкупно 528 пријавени лица. Во групата, пак, на сексуално и крвно преносливи
инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 заболени лица и тоа пријавени се 6 случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден
случај на инфекција со хламидија.

Освен тоа, во јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаи на СИДА. Шестмина се од машки пол и една е жена. Во однос на возраста, лицата се на возраст од 20 до 59 години.

Во текот на јули, во ИЈЗ се пристигнати 1.380 пријави за изолиран-докажан причинител на заразна болест и резистенција на антибиотици. Пријави се добиени од микробиолошките лаборатории од териториите на сите 10 подрачни единици на центрите за јавно здравје.

„Најчесто пријавувани причинители во месец јули се: Mycoplasma pneumoniae, MRSA и Bordetella pertussis. Во однос на пријавите за резистенција на
антибиотици, покрај MRSA, листа на резистенција е добиена за: Salmonella enteritidis, Acinetobacter baumannii, Klebsiella pneumoniae, Klebsiella pneumoniae ESBL, Escherichia coli ESB“, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …