Интензивни подготовки на младинските пингпонгарски репрезентативци

Интензивни подготовки на младинските пингпонгарски репрезентативци

Од 15 до 19 јануари во Скопје се одржа камп за младинските категории на државната репрезентација во пинг-понг. На кампот „Скопје 2020“ беа повикани вкупно 18 репрезентатици од сите младински категори: млади кадети, кадети и јуниори. Поради периодот на зимскиот распуст, дел од репрезентативците кои беа повикани не беа во можност да приуствуваат на подготовките поради нивното отсуство од државата.

Кампот го водеа тренери од соседна Србија со кои ППФМ има одлична соработка, како и тренерот од Прилеп Зоран Јованоски.

Целта на подготвителните тренинзи се оптимизирање на формата на нашите репрезентативци пред претстојните натпреварувања – Балканската лига за млади играчи во кадетска и јуниорска конкуренција, натпреварување кое ќе се одржи на 8 и 9 февруари во Скопје, како и рангирните турнири и државните првенства во рамките на Македонските пинг-понгарски натпреварувања.

Кампот во Скопје е само продолжување на долгорочната стратегија на ППФМ за подигање на квалитетот на младинските категории на играчи како би биле конкурентни на балканските и европските натпревари. Праксата која започна со испраќање на младите играчи на кампови во Шведска, Хрватска, Србија, Црна Гора и Словенија, после кампот во Скопје ќе продолжи со испраќање на нашите играчи на кампови во  Опатија, Хрватска, непосредно пред Балканското првенство за кадети и јуниори, кое во мај ќе се одржи во Бугарија.

Дел од стратегијата за вложување во младите играчи на ППФМ е и отворањето на неколку регионални тренинг центри низ целата држава. Тренинг центри ќе бидат отворени во Прилеп, Скопје, Штип и Крива Паланка.

За работа со младите категории, од страна на ППФМ се ангажирани тренери кои имаат долгогодишно искуство во пинг-понгот, поранешни државни прваци, со еден збор кажано – луѓе кои оставиле свој печат во пинг-понгот во Македонија.

Прв со работа почна регионалниот тренинг центар во Прилеп, во кој ќе тренираат играчи од Битола, Крушево, Кавадарци и Прилеп.

За тренер во овој тренинг центар ангажиран е Зоран Јованоски – Тарзан, живата легенда на македонскиот пинг-понг, личност која е омилена меѓу младите играчи, човек со долгогодишно искуство како тренер кој истовремено е ангажиран и од Федерацијата на училишни спортови на Македонија, на тренинг камповите кои ги организира ФУСМ во соработка со ППФМ.

Сите овие активности ќе бидат претставени пред Собранието на клубови кое ќе се одржи во Кавадарци на 26 јануари, каде што на клубовите ќе им бидат презентирани и плановите за следната натпреварувачка сезона, во која акцентот на ППФМ во уште поголем обем е насочен кон младите категории на играчи.

Прочитајте повеќе

Алжирската боксерка Имане Келиф, не е биолошки маж

Алжирската боксерка Имане Келиф, не е биолошки маж

Промена на полот во Алжир е забранета, пишува Вистиномер Станува збор за биолошка жена, која …