МЕПСО

Избрани новите членови на Управниот и Извршниот одбор на АД МЕПСО

Министерството за транспорт ги назначи новите членови на Управниот и Надзорниот одбор на АД МЕПСО.
За претседател на Управениот одбор и директор на компанијата е назначен Бурим Љатифи, заменик директор Александар Пауноски, а за членови назначени се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
За членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем – во државна сопственост Скопје, избрани се: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска,  Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.
Како што велат од Министерството за транспорт, Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …