Јаневска

СДСМ со прашање до министерката Јаневска: Дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата?

Соопштение за јавност на СДСМ

Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, наместо во училиште.

Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.

МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попреченост за задолжително основно образование.

Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања?

Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка?

Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развој на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност.

Прочитајте повеќе

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

СДСМ: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на …