еу знаме

Клучна поддршка од ЕУ во борбата против пожарите во Северна Македонија

ЕУ отсекогаш била тука за Северна Македонија во тешки времиња. Нашата брза и суштинска помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ обезбедува витална поддршка за локалните напори во борбата против разорните шумски пожари, изјави амбасадорот Дејвид Гир

Европската унија брзо одговори на итното барање на Владата на Северна Македонија за помош во нејзините напори за борба против големите шумски пожари, преку активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (МЦЗЕУ), велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Преку овој механизам, и благодарение на поддршката на земјите-учеснички во МЦЗЕУ, ЕУ успеа брзо да мобилизира еден хеликоптер од Србија, два од Словенија, два авиона и еден хеликоптер од Турција, еден авион од противпожарната флота на ЕУ од Хрватска и еден авион од Романија.

Овие единици за поддршка се веќе ангажирани во гаснење на пожарите.

„ЕУ отсекогаш била тука за Северна Македонија во тешки времиња. Нашата брза и суштинска помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ обезбедува витална поддршка за локалните напори во борбата против разорните шумски пожари“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Северна Македонија.

Ова не е првпат Механизмот за цивилна заштита на ЕУ да се мобилизира за да и помогне на земјата во справување со природни катастрофи. Во август 2021 година, поддршката на ЕУ преку механизмот беше клучна за гаснење на големите шумски пожари во областа на Пехчево и Берово. Во 2015 и 2016 година беше обезбедена навремена поддршка преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со големите поплави што ја зафатија земјата.

Поддршка преку механизмот беше обезбедена и за време на пандемијата со КОВИД-19.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра …