Мадиќ: СДСМ е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

Мадиќ: СДСМ е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

Изјава за медиуми на Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела.

Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите.

Го следевте сите 4 кандидати, им беше обезбедено да може да се промовираат во 8 региони.

Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список. Добивме приговори од одредени општински организации, дел од нив беа прифатени, дел не беа, зависно од одредбите на Статутот, Правилниците и одлуките донесени од Централниот одбор.

Може да соопштиме дека избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места.

Прочитајте повеќе

Приведени 19 луѓе на Д фестивалот во Дојран

Приведени 19 луѓе на Д фестивалот во Дојран

При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле …