Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува нов премиер, а потоа ќе се формира и нова влада.

Тој ја отфрли можноста да поднесе оставка пред крајот на мандатот.

Француската левичарска коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу места во парламентот на изборите овој месец, ја номинираше специјалистката за финансиски криминал Луси Кастес за премиер само еден час пред Макрон да зборува во телевизиско интервју.

Макрон призна дека неговата партија претрпе пораз на изборите претходно овој месец и одби да коментира дали новиот премиер ќе биде некој од победничката левичарска коалиција.

Левичарската коалиција се обиде да номинира нов премиер кој ќе го наследи премиерот во заминување Габриел Атал, но ги отфрли договорите со другите политички сили и нема доволно пратеници за да формира мнозинска влада.

На изборите ниту една партија не освои апсолутно мнозинство од местата во Долниот дом на парламентот, кој е поделен на три блока.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници …