Меѓународна награда за слобода на печатот за новинарката на РСЕ, Курмашева

Меѓународна награда за слобода на печатот за новинарката на РСЕ, Курмашева

Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ, која беше ослободена во август во големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот, е меѓу четворицата новинари што ќе бидат почестени со престижната меѓународна награда за слобода на печатот за 2024 година, објави Комитетот за заштита на новинарите (КЗН).

„Меѓународните награди за слобода на печатот на CPJ ја симболизираат виталната работа што ја вршат новинарите насекаде известувајќи за фактите соочени со жестоките обиди да се потисне вистината“, рече извршната директорка на Комитетот за заштита на новинарите, Џоди Гинсберг во изјавата на 19 септември.

„Во она што беше катастрофална година за новинарите и за слободата на печатот, чест е да се застане со нив“, рече Гинсберг.

Курмашева (47) ќе ја добие наградата во ноември заедно со другите тројца наградени, палестинскиот новинар Шрук ал-Аила, репортерката од Гватемала Квими де Леон и Самира Сабу од Нигер, се вели во соопштението на КЗН.

„Конечно во добри раце“: Ослободената новинарка на РСЕ, Алсу Курмашева, за животот по рускиот затвор

Курмашева, двојна руско-американска државјанка, беше приведена во јуни 2023 година додека го чекаше нејзиниот лет за враќање во Прага од Казан. Властите и ги одзеле и пасошите и телефонот. Таа беше ослободена, но и беше забрането да ја напушти земјата.

По пет месеци чекање за одлука за нејзиниот случај, Курмашева беше казнета со 10 000 рубли (109 долари) затоа што не го регистрирала американскиот пасош кај руските власти.

Не можејќи да ја напушти Русија без нејзините патни документи, Курмашева во октомври беше уапсена, затворена и обвинета дека е непријавен „странски агент“.

Два месеци подоцна, таа беше обвинета за ширење невистини за руската војска.

Во јули, судот во главниот град на Татарстан, Казан, ја осуди Курмашева на 6 и пол години затвор.

На 1 август, таа беше ослободена заедно со уште двајца американски државјани – Еван Гершкович и Пол Вилан.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …