Мицкоски: Незаконски е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Мицкоски: Незаконски е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

На новинарско прашање дали и во новата Влада ќе има прв вицепремиер, премиерот Христијан Мицкоски одговори:

  • Според законот којшто е важечки, претседателот на Влада има заменици, а џентлменскиот договор во рамките на коалицијата е да има прв вицепремиерот и тоа ќе биде Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот, законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков.

Прочитајте повеќе

Повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија

Повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија

Според резултатите од пописот што ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат …