Мицотакис

Мицотакис: Опасна е селективната примена на „Преспа“

Селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ги поткопа напорите за решавање на други отворени прашања во Западен Балкан и ќе ја загрози безбедноста во регионот, порача грчкиот премиер.

Напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори, порачал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на првата сесија на НАТО, испраќајќи порака до новото раководство на Северна Македонија.

Тој уште минатиот месец најави дека има намера да го отвори прашањето за непочитување на Договорот од Преспа на Самиот на НАТО, доколку новото раководство на РСМ продолжи да го крши договорениот опсег за употреба на уставното име на државата, ерга омнес. Осврнувајќи се на обраќањето на американскиот претседател, Џо Бајден, кој го нагласил значењето на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, Мицотакис посебно се осврнал на Договорот од Преспа, кој, како што нагласил, овозможил проширување на Алијансата со пристапување на Северна Македонија.

„Целосното спроведување на Договорот од Преспа е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе го поткопа кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања во Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот. Pacta sunt servanda. Сите мора да го запомниме тоа“, нагласил Мицотакис.

„Игнорирани предупредувања“
„Камбани за селективната примена на Преспа“, „Договорот од Преспа мора да се почитува” „Селективната примена на Договорот од Преспа е опасна”… Ова се само дел од насловите со кои грчките медиуми ги пренесуваат пораките што грчкиот премиер ги испрати до раководството на Северна Македонија од Самитот на НАТО во Вашингтон. Притоа нотираат дека Мицкоски и од говорницата на Самитот користел името „Македонија“ за државата.

„Мицкоски, игнорирајќи ги и грчките и сојузничките предупредувања, продолжи со провокациите што и тој и претседателката на соседната земја имаат тенденција да ги повторуваат во последно време“, пишува „Прототема”.

Весникот ја пренесува изјавата на Мицкоски во која државата ја нарекува Македонија.

„Како малуброен народ сакаме да потврдиме дека она што за нас е важно – е во деновите во кои овде ќе разговараме за важните прашања – да ги донесеме најзначајните одлики кои ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади. И ние ќе го дадеме својот придонес. Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите“, ја пренесува весникот изјавата на Мицкоски.

Во деловите од изјавата каде македонскиот премиер ја употребува придавката „македонски“ (македонскитe граѓани, македонскатa влада“) весникот го преведува тоа како „граѓаните на Македонија” и „владата на Македонија”.

Текстот во целост можете да го прочитате на веб сајтот на DW

Прочитајте повеќе

Макрон во Нови Сад на вториот ден од посетата на Србија

Макрон во Нови Сад на вториот ден од посетата на Србија

Францускиот претседател Емануел Макрон на вториот ден од официјалната посета на Србија ја посети галеријата …