На Илинден Сиљановска-Давкова во Пелинце, Мицкоски во Крушево, а Гаши во Скопје

На Илинден Сиљановска-Давкова во Пелинце, Мицкоски во Крушево, а Гаши во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава 2 Август – Денот на Републиката ќе го одбележи во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, каде ќе одржи говор, а потоа, како што веќе најави заедно со нејзиниот српски колега Александар Вучиќ ќе го посетат манастирот Прохор Пчински.

Сиљановска Давкова на почетокот на неделава оствари телефонски разговор со Вучиќ и, како што информираа од нејзиниот Кабинет, договорено е двајцата претседатели на Илинден зеднички да го посетат манастирот Св. Прохор Пчински и да ја одбележат 80 годишнината од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Како што е најавено премиерот Христијан Мицкоски ќе го одбележи Илинден во Крушево, каде ќе одржи говор на Мечкин камен.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе биде во Скопје, односно ќе присустува на пригодната манифестација на тврдината Кале, и таму ќе одржи говор.

Инаку оваа година се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …