Ансамбл ТАНЕЦ

Националниот ансамбл „Танец“ в четврток заминува на балканска турнеја

На сцените во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“…

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.

На сцените во овие градови ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на „Танец“ – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“.

„Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за обединувачката моќ на раскошниот македонски музички фолклор“, велат од „Танец“.

Дел од турнејата ќе биде и богата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на „Танец“, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето под мотото „Танец – 75 години македонски код“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

ПОТОЧИЊА со аудиција за нови членови од 11 до 13 септември

За сите дечиња, кои се можеби идните музички ѕвезди на мини-детската естрада, можеби најомилените делови …