Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Повеќе од 1.000 луѓе починале за време на годинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремните високи температури со кои се соочија верниците за време посетата на исламските свети места во Мека, соопштија властите.

Повеќе од половина од жртвите се од Египет, тврдат двајца официјални претставници на властите во Каиро. Таму, како што соопштија, им е одземена лиценцата на 16 туристички агенции кои им помагале на верници да патуваат во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија не ги коментираше смртните случаи за време на аџилакот – одење на муслиманите во Мека кое се бара верниците да го направат барем еднаш во животот и за тоа е потребна официјална дозвола.

Египетската влада потврди само дека од оние што имале дозвола починале 31 аџија кои биле и со хронична болест. Меѓутоа, не даде официјален баланс за оние што отпатувале без дозвола за посета на Мека.

Сепак, официјален претставник на власта тврди дека најмалку 630 други аџии отпатувале во Саудиска Арабија со туристички визи. Повеќето од нив починале и нивните тела се во мртворечница во населбата Ал-Муаисем во Мека.

Потврдувајќи ја бројката на жртви, египетски дипломат рече дека повеќето од нив се погребани во Саудиска Арабија.

Официјалните претставници на египетските власти зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи немаат овластување да ги брифираат новинарите.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …