Над 20 загинати во израелски напад врз училиште на УНРВА

Над 20 загинати во израелски напад врз училиште на УНРВА

Израелската војска ја презеде одговорноста за воздушниот напад врз училиште на Палестинската агенција на Обединетите Нации (ОН) за бегалци (УНРВА) во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 27 лица, објавено е на 6 јуни.

Израел тврди дека во училиштето била сместена „базата“ на Хамас, палестинска група која САД и Европската Унија ја сметаат за терористичка и чиј напад врз Израел на 7 октомври минатата година ја предизвика војната на Израел со таа група во Газа.

„Воени авиони извршија прецизен удар врз базата на Хамас лоцирана во училиштето на УНРВА во регионот Нусејрат“, соопшти израелската армија, додавајќи дека „неколку терористи се убиени“.

Терористите на Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација и Исламски џихад кои учествуваа во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година оперираа во тој комплекс, соопшти израелската армија.

Хамас соопшти дека најмалку 27 лица загинале и „многумина се повредени“ во нападот на кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа. Канцеларијата за медиуми на Хамас го обвини Израел дека извршил „страшен масакр“.

Екипите на брзата помош и спасувачките екипи ги пренеле ранетите и мртвите во блиската болница. Снимките на социјалните мрежи покажуваат уништени училници и тела завиткани во покривки во мртовечница, јавува Би-Би-Си.

Пред нападот, болницата примила тела на најмалку 70 мртви и повеќе од 300 ранети, главно жени и деца, по израелските напади врз централните области на Појасот Газа, соопштија Лекари без граници.

Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, загинаа околу 1200 луѓе, а 251 лице беа земени како заложници. Оттогаш во Газа се убиени најмалку 36 580 луѓе, според Министерството за здравство на Хамас.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници …