Најмалку пет американски војници ранети во напад во Ирак

Најмалку пет американски војници ранети во напад во Ирак

Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници.

Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на палестинското исламистичко движење Хамас и либанската група Хезболах минатата недела.

Според ирачките сили за безбедност, две ракети „Катјуша“ биле истрелани кон воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак и паднале внатре во базата.

Иран оцени дека и САД носат одговорност за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, поради нивната поддршка за Израел.

„Можеме да потврдиме дека имаше ракетен напад врз американските и коалициските сили во воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на САД.

Иран и неговиот либански сојузник Хезбалах кој исто така беше прогласен за терористичка организација од Вашингтон, ветија дека ќе се одмаздат за тој напад и другите смртоносни напади во Иран и Бејрут за кои Техеран го обвини Израел.

Масовни заминувања од Бејрут поради можна ескалација на конфликтот во регионот

Иран на 5 август рече дека казнувањето на Израел ќе спречи понатамошна нестабилност на Блискиот Исток, но додаде дека не сака да предизвика ескалација на тензиите кои се појавија по атентатот на Ханије.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Иран и неговите полномошници да не ја напаѓаат неговата земја и рече дека Израел веќе е „во мултифронтна војна против иранската „Оска на злото“.

Новинската агенција Тасним, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), го цитираше портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канаани кој рече дека „ние веруваме дека Иран има право да го казни агресорот во рамките на меѓународното право… Иран дефинитивно ќе и решително да преземе сериозни и одвраќачки мерки со искористување на своето вродено право врз основа на меѓународните принципи за обезбедување на нејзината безбедност“.

Израел не ја презеде одговорноста за убиството на Ханије во Техеран каде што присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан

ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан

Како претседавач со ЕУ, Виктор Орбан шест месеци всушност требаше да биде неутрален посредник во …