Не бегаме за пари туку поради корупција и непотизам

Не бегаме за пари туку поради корупција и непотизам

Сакам да останам, но не знам, веќе не сум сигурен, вели 23 годишниот Дејан Радуловски, кој паралелно студира еден факултет и пост дипломски студии и истовремено работи во скопско кафуле. Во Зошто го прашавме Дејан зошто младите се иселуваат.

Дејан Радуловски има 23 години, паралелно студира два факултета. Дипломира со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Запиша магистерски студии. Студира и политички студии на Правем Факултет и работи во кафуле во Скопје. Со Дејан зборуваме за младите, нивните проблеми и перцепции за иднината?

Дејан, некој да студира и работи во исто време не е нешто не вообичаено, но два факултета ,сепак, предизвикува внимание. Прво зошто историја и зошто покрај историја, студираш и право?

Дејан од неодамна бара работа по струката, како историчар, но засега без успех.

„Не е прашањето дали требаат вакви кадри, туку таква е состојбата во државата“

Вели сака да остане тука, дома, но веќе не е сигурен.

20 – тина години се случува своевиден егзодус на младите, претежно кон запад и тој вели не бегаат толку поради финансиите туку поради корупцијата, криминалот и непотизмот.

„За се треба врски, и на доктор да одиш и соба во студентски дом да најдеш. И елитата, и богатите си одат, не само младите и оние кои немаат пари“

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Дејан Радуловски
Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Дејан Радуловски

Според Дејан Радуловски, младите не ја пишуваат својата иднина во Македонија?

Гласот на младите, вели, не се слуша од партиите и политичарите, освен ако не си член на некоја партија. И за младинските организации смета дека се непотистички настроени.

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Јаневска: МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот

Јаневска: МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот

Како ќе се изјаснат така и ќе постапиме, но мое мислење е дека сепак, треба …