запалено возило

Ноќеска во Прилеп запалено уште едно возило

Денеска, четврток 21.07.2022, во СВР Битола – ОВР Прилеп е пријавено дека околу 01.00 часот, на ул „Киро Нацевски – Фетак“ настанал пожар во патничко моторно возило „пежо“ во сопственост на В.Н., раководителка на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.

Пожарот е изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид изврши увидната екипа на ОВР Прилеп.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …