Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе трае во наредните десет дена

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за учебната 2024/2025 година.

Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е од 10 до 17 септември.

Сајтот на МОН падна уште пред резултатите да бидат објавени, а во моментов функционира отежнато.

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе трае во наредните десет дена.

Оние студенти што не се задоволни од резултатите може да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, во периодот од 10 до 16 септември.

Новинската агенција Мета.мк ги објавува листите со примени студенти во државните и приватните студентски домови, преземени од интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Скопје

Штип

Тетово

Охрид

Битола

Прилеп

Прочитајте повеќе

дизел

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер …