Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

Вчера, 13.04.2021 година, на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување. Под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај.

Истиот ден, СВР Битола спроведе регионална акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се 102 прекршоци. Било утврдено дека 58 возачи ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, а 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место.

За сите прекршоци издадени се соодветни налози изречени се санкции.

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …