време горештина

Од четврток уште попеколни температури

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе надминува 40 степени.

„Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури“, извести УХМР.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра …