Општина Прилеп: Локализиран е пожарот кај местото викано „Задград“

Општина Прилеп: Локализиран е пожарот кај местото викано „Задград“

Соопштение од Општина Прилеп за пожарот кај местото викано Задград

Доцна синоќа беше одржан кризен штаб на кој се разговараше за пожарот кај местото викано Задград и опасноста тој да се приближи кон манастирот Трескавец.

На оваа средба, покрај градоначалникот, присуствуваа и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и претставници од ТППЕ Прилеп.

Пожарот е локализиран и во моментов манастирот не е загрозен, додека на терен постојано има дежурни тимови на ТППЕ Прилеп.

Општина Прилеп, превентивно, испрати барање до ЦУК за воздушна поддршка во случај на влошување на ситуацијата и засилување на пожарот.

Ги известуваме сите граѓани дека во моментов пожарот е локализиран и нема опасност по објектите во близина на местото на пожарот и по манастирот Трескавец.

Прочитајте повеќе

ДЗР: Алармантна загуба на таленти – државата на петто место во Европа по одлив на мозоци

ДЗР: Алармантна загуба на таленти – државата на петто место во Европа по одлив на мозоци

Според извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за 2020 година, Северна Македонија се наоѓа …