Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција

Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото опремување на училиштето

Александар Сибиновски, директорот на училиштето за средно образование „Владо Тасевски“, по пет и пол годишен се повлекува од функцијата директор, соопшти тој денеска на неговиот Фејсбук профил. Тој на оваа позиција беше назначен во 2018 година.

Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото опремување на училиштето.

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција
Училишниот хол во „Владо Тасевски“. Фото: Фејсбук профил на СУГС „Владо Тасевски“

„Понекогаш стремежот за континуиран развој, за подобро утре, доведува до несогласувања, а кога ќе се појават тие, доблесно е да се разделиме за доброто на сите. Од денеска престанува мојот мандат како директор на СУГС „Владо Тасевски“ врз основа на поднесена оставка до градоначалник на град Скопје“, напиша тој на Фејсбук.

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција
Дел од училишните тоалети. Фото: Фејсбук профил на СУГС „Владо Тасевски“

Од утре Сибиновски се враќа, како што вели, во спортската сала, како професор по физичко образование.

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција
Влезот во училиштето. Фото: Фејсбук профил на СУГС „Владо Тасевски“

„Бела маица и шорц за момците, бела маица и тренерка за девојките е задолжително за час по спорт“, додава тој.

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција
Во училиштето од лани има теретана која ја користат учениците. Фото: Фејсбук профил на СУГС „Владо Тасевски“

Инаку интересот кај учениците за избор на ова стручно училиште расте во последниве години. Најголем интерес има за насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика, но и за електро струката, за машинската струка, како и за сообраќајната струка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …