ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛИ: Реакција на родители на ученици од населените места во општина Прилеп за проблемот со бесплатниот ученички превоз

ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛИ: Реакција на родители на ученици од населените места во општина Прилеп за проблемот со бесплатниот ученички превоз

Отворено писмо до ПУБЛИКУМ од родители на ученици од населените места во општина Прилеп, кои се оневозможени да ја следат редовната настава заради проблем со бесплатниот превоз   

Како родители на ученици од населените места во општина Прилеп кои не можат да следат настава заради немање превоз, се обраќаме до вашиот медиум со цел да го кажиме нашиот проблем и да побараме одговори на повеќе прашања.

Иако со радост и нашите деца го очекуваа почетокот на учебната година кога повторно ќе се вратат во училиште а учениците од прва година со возбуда го чекаа првиот ден во новото училиште, во Прилеп тоа не се случи заради проблем со превозот.

На почеток ни беше кажано дека има проблем со превозот ама дека тој ќе се реши оваа недела. Но проблемот се реши за учениците од Долненска општина а нашите деца пак останаа дома. Освен што од класните раководители ни е потврдено дека проблем навистина има, немаме никакви други дополнителни информации. На прашањето кога ќе има превоз добивме одговор дека превоз нема да има додека не завршел тендерот.

Заради ова ние сме приморани со сопствен превоз да ги носиме нашите деца до училиште, или сами да си го плаќаме превозот што е голем финансиски трошок за нас.

Ние како засегнати родители сметаме дека воопшто не е во ред ова што им го прават на децата а и нас на родителите кои едвај врзуваме крај со крај, а сега треба уште да го плаќаме и превозот. Исто така сакаме да кажиме дека најголемиот дел од нас се занимаваат со земјоделие и полска работа која токму сега е во полн ек, која мора да ја оставиме за да ги носиме децата на училиште.

Нашите деца се обесправени бидејќи не можат да го остварат правото на образование и затоа на овој начин на надлежните сакаме да му поставиме неколку прашања.

Зошто превозот не го организирале навреме кога се знае дека учебната година започнува на 1 септември? Како нашите деца ќе ги надокнадат часовите што ги губат? Дали ќе бидат казнети родителите кои од разни причини не се во можност да ги носат децата на настава која е задолжителна со закон? Дали општинскиот инспектор води евиденција дали има превоз и со какви автобуси се возат децата, дали сите деца се на настава бидејќи од класните раководители немаме информација дали децата биле на настава или отсуствувале од истата?

Бараме информација кога ќе има превоз, што ако повторно не се одбере превозник, кој ќе ја  сноси одговорноста за тоа или вината дека децата не посетувале настава ќе биди префрлена на нас родителите?

Како родители заслужуваме да бидиме јавно известени што се случува со превозот и кога на нашите деца ќе им биди овозможено да ја следат наставата како сите други деца.

*Напомена: Имињата на родителите и’ се познати на редакцијата на ПУБЛИКУМ.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …