Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

По неколку часа откако ЕВН ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради долг од 6,5 милиони евра, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека струјата во оваа институција е повторно вклучена.

Тој најави дека ќе се реши проблемот и со другите државни институции коишто со години натрупувале големи долгови за потрошената електрична енергија, како што е Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, чиј долг изнесува седум милиони евра.

„Владата предвиде средства и штом Собранието ќе ја направи прераспределбата на средствата во Буџетот, ќе се платат сметките на должниците“, рече премиерот.

Исти уверувања денеска изрази и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Веќе во овој момент во ‘Железници Транспорт’ има струја. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за кој било економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции“, рече Битиќи.

ЕВН им даде рок на големите должници до 15 декември да ги подмират долговите и најави дека, во спротивно, ќе им биде исклучена струјата.

Прочитајте повеќе

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра …