пожарот во чаир

Пожарот во Чаир уште активен, гори повеќе од 30 часа

Пожарот изби вчера во 1.50 часот по полноќ во магацин во подрумот на станбена зграда во Чаир

Пожарот кој вчера во 1.50 часот по полноќ изби во магацин во подрумот на станбена зграда во Чаир сè уште е активен, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата. Од Итната медицинска помош во 14.25 часот, известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, 1 пожарникар и 1 бремена жена“, велат од ЦУК.

Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ. А во моментов на терен се 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир).

Екипа од Мета.мк вчера отиде до зградата на ул. „Прохор Пчињски“, каде станарите раскажуваа за како гледале чад од вентилацијата и вц школките на своите станови. Некои од нив преспале кај роднини, други биле принудени да преноќат во своите возила.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ова ВМРО или она ВМРО

Ова ВМРО или она ВМРО

Во јавноста почнаа да се прават споредби за времето кога Груевски стана премиер и стоте …