Предлог-законот за заемот од Унгарија на собраниска седница

Предлог-законот за заемот од Унгарија на собраниска седница

Собранието денеска (17 септември) ќе одржи продолжение на 14-тата седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија.

Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Северна Македонија ќе и плаќа на унгарската Експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво.

Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Северна Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата.

Половина од средствата од овој заем, како што беше појаснето од владините претставници, ќе се користат за развој на општините, а другите како помош за економијата и за буџетски потреби.

Опозицијата обвинува дека парите не се од Унгарија, како и дека земјата станува политички заложник на оваа земја.

На дневен ред на 14-тата Седница на Собранието се останати повеќе точки, меѓу кои нив и некои кои за кои веќе е завршена расправата и треба само да се гласа како Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, двата по скратена постапка.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …