Прес на портпаролите на Владата: Шестиот пакет антикризни економски мерки опфаќа поддршка за 10.000 компании и 60.000 вработени

Прес на портпаролите на Владата: Шестиот пакет антикризни економски мерки опфаќа поддршка за 10.000 компании и 60.000 вработени

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од вчерашната 66-та седница, одговарајќи подетално и на прашања од интерес на медиумите и јавноста.

На вчерашната седница беше донесен Шестиот пакет антикризни економски мерки со вкупна предвидена вредност од 17,8 милиони евра, кој опфаќа поддршка за 10.000 компании и 60.000 вработени. Над 80 проценти (14,8 милиони евра) од средствата предвидени за мерките од Шестиот пакет се наменети исклучително за фирмите од угостителството и туризмот.

Владата на Република Северна Македонија од почетокот на здравствено-економската криза носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции со цел да се сочува ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните.

Шестиот пакет на мерки е во насока на поддршка на дејностите кои беа делумно затворени со одлука на Владата, а со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на КОВИД- 19, затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и подобрување на ликвидноста на компаниите. Владата креираше фер систем кој ги опфаќа следните мерки за:

– Угостителски објекти за послужување на храна, пијалаци и кетеринг;

– 30 проценти покриеност на просечните месечни приходи во 2019 и 2020 (на кои ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени со одлука) плус 15.200,00 денари по вработен (заклучно со 06.04.2021);

– Вредност 9,9 милиони евра – опфатени 6.000 компании со 17.000 вработени;

-Ресторани за свадби, ивент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија;

– 30 проценти покриеност на просечните месечни приходи во 2019, плус 15.200,00 денари по вработен (заклучно со 31.12.2020);

– Вредност 2,5 милиони евра – опфатени околу 1.200 компании;

– Финансиска поддршка за категоризираните туристички агенции – А категорија до 5.000 евра, Б категорија до 2.000 евра;

– Вредност 1,4 милиони евра;

-Туристички водичи и музичари;

– Финансиска поддршка во вредност од 30.750,00 денари;

– 50.000 бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во земјава.

Портпаролите информираа дека Одлуката за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки против КОВИД-19, која претходно важеше до 20 април, продолжува до 27 април.

Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се прави и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика  и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.

Прочитајте повеќе

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Зголемувањето на ниските пензии треба да се одвива на друг начин, а не со казнување …