Претседателот Пендаровски на форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот

Претседателот Пендаровски на форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот

Претседателот Стево Пендаровски, на 22 и 23 јануари 2020 година ќе престојува во посета на Израел, каде ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во Светскиот меморијален центар на Холокаустот, Јад Вашем во Ерусалим на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамки на форумот, претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.

Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

Прочитајте повеќе

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра …