Радев

Радев: Маските паднаа, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарск0“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, а пренесоа медиумите во Бугарија.

„Сега станува многу јасно зошто во пролетта 2021 година, како претставник на Бугарија во Советот на ЕУ, подолг период го преместив фокусот на европските институции и лидери од заштитата на нашата историја, култура и јазик во заштитата на правата на Бугарите. Стана јасно зошто ја покренав идејата за нивно вклучување во уставот на земјата како важен предуслов за почеток на преговорите за членство и ја бранев оваа кауза до самиот крај“, вели Радев.

Тој додаде дека очекува коректни дејствија и од бугарската влада и од европските институции „за одржување на европските принципи и норми во процесот на проширување“.

„Тоа значи, да гарантира неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права“, вели Радев.

Според него, доколку ЕУ не се заложи за европска перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, „тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“.

Вчера (265 јуни) преку соопштение реагираше бугарското Министерство за надворешни работи на изјавата на македонскиот премиер Христјан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ. Оттаму соопштија дека е „неприфатлива и искажаната намера на Северна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори и дека ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат“. Ова велат од бугарското МНР „остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества“.

Ваквата реакција на Бугарија следува по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека преговарачката рамка со Европската Унија може да биде адаптирана, нагласувајќи дека доколку ЕУ сака да го види напредокот на Северна Македонија кон членството, постојат реални можности за тоа.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска донела одлука со која се разрешува досегашниот директор на …