Коњановски и Илиевска

СДСМ Битола: Суетите на Коњановски и Илиевска ја блокираа Битола

Соопштение за јавност на СДСМ Битола

„Егото и суетите на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Совет на Општина Битола, Габриела Илиевска, ја блокираа Битола!

Граѓаните им ја дадоа довербата на последните локални избори за да го водат градот, а не за да го кочат!

ДПМНЕ и Поинаку да ги заменат тастатурите со мотики!

На Фејсбук се најсилни, ама животот не е на социјалните медиуми!

ДПМНЕ и Коњановски да престанат да “плачат” пред Владата за работи кои се во надлежност на општината! 33 милиони евра имаат на располагање! Наместо да крадат и да полнат џебови на сопартијци, пријатели, деверици, кумашини, нека сработат нешто и за градот!

Поинаку и Илиевска да престанат да се однесуваат како “ни риба, ни девојка”! Власта носи привилегии, но носи и одговорност. Нека ги тргнат личните интереси настрана да се откочи работата на Советот на Општина Битола, бидејќи граѓаните се поважни од рејтингот!“.

Прочитајте повеќе

Јаневска

СДСМ со прашање до министерката Јаневска: Дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата?

Соопштение за јавност на СДСМ Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата …