СДСМ

СДСМ: Данела Арсовска и неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да си ги платат сметките

Соопштение за јавност на СДСМ

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни, што не можат ниту сметките да си ги подмират.

Владата во делот на енергетстата криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи.

Со навремени мерки Владата спречи голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја.

Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи.

Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани го остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно.

Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија.

Како тоа нема пари за сметки а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје?

Во услови на криза, Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум.

Прочитајте повеќе

Јаневска

СДСМ со прашање до министерката Јаневска: Дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата?

Соопштение за јавност на СДСМ Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата …