СДСМ: Додека вработените во ЈСП мрзнеа на улици, советниците на ДПМНЕ договараа како да ги изиграат

СДСМ: Додека вработените во ЈСП мрзнеа на улици, советниците на ДПМНЕ договараа како да ги изиграат

Соопштение за јавност на СДСМ

Скандалозни фотографии од седницата на Советот на Град Скопје.

Додека Скопје немаше автобуси и луѓето не можеа да стигнат никаде навреме, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП, советниците на ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат.

Диктати и насоки давал и Илија Димовски. Идентично како во време на режимот на ДПМНЕ.

Од една страна се противат на одлуката да им се доделат субвенции, од друга страна се потсмеваат со тешката состојба на вработените во ЈСП во која токму ДПМНЕ ги стави.

Воопшто не му е гајле на ДПМНЕ ниту за граѓаните ниту за работниците. Без чувство, без срам…

За ДПМНЕ апелот и крикот за плата за која работеле вработените во УЈП е средство за поигрување со работниците и можност за „зезнување“. Само заради лични хирови на Мицкоски!

Граѓаните се потсетија на режимското време на ДПМНЕ. Ништо се нема променето во ДПМНЕ.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …