СДСМ: ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите „Леонардо“ сега е добра а до вчера не чинеше

СДСМ: ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите „Леонардо“ сега е добра а до вчера не чинеше

Соопштение за јавност на СДСМ

Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се што критикуваше сега го прифаќа и промовира во јавноста.

Додека беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ бараше да биде итно поништена набавката на хеликоптерите Леонардо кои ги склучи Владата на СДСМ и министерката Петровска.

Жолчно се бореа и пишуваа соопштенија со денови за денес без коментар или измена да ја прифатат во целост. Има ли ден во кој ВМРО-ДПМНЕ нема да се погази себеси?

Според сите нивни постапки очигледно тоа што СДСМ го правеше било добро за државата, но не било добро за ВМРО-ДПМНЕ како опозиција.

Опструкциите и постојаните напади на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција не беа ништо друго освен потреба да опструира државата и напредокот за нивна политичка корист.

Деструктивноста сега излегува на виделина за секој предмет и за секој случај.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …