СДСМ: Игор Јанушев итно да биде разрешен и подарокот од 325.000 евра да се истражи

СДСМ: Игор Јанушев итно да биде разрешен и подарокот од 325.000 евра да се истражи

Соопштение за јавност на СДСМ

Трет ден генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев, молчи и се крие од граѓаните за скандалот со неговиот подарок во вредност од 325.000 евра.

Во глувчешка дупка се кријат и тој и Мицкоски и се надеваат дека ова ќе помине и со тоа докажуваат дека има дебел криминал позади подарокот од неверојатни 325.000 евра.

Граѓаните се огорчени и потценети од ова скандалозно однесување на Јанушев и потценување на нивната интелигенција. Повеќе од јасно е дека станува збор за пари стекнати на нелегален начин кои сега се обидува преку наводни подароци да ги озакони. Игор Јанушев мора одма да биде разрешен од функцијата.

Еве му шанса на Мицкоски да докаже како се бори против криминал и корупција. Одма да нареди истрага за потеклото на парите на неговиот секретар и да го обели образот на оваа Влада. Мицкоски и неговата Влада за само 30 дена докажаа дека ќе бидат најлошата Влада која сме ја имале.

СДСМ нема да прекине да прашува за овој скандал се додека не се произнесат сите инволвирани во него, додека не започнат истрагите и додека тој не се повлече од функцијата.

Институциите и обвинителството да не молчат, СДСМ очекува итна и транспарентна истрага.

Прочитајте повеќе

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

СДСМ: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на …