СДСМ

СДСМ: Небезбедни авотбуси, скопјани се гушат од запалени депонии, ВМРО-ДПМНЕ го уништи Скопје

Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема власта во Скопје, Градот буквално се распаѓа.

Поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град.

Небезбедни автобуси, ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат.

Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП но и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку.

Нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.

Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се и дека воопшто не им се важни граѓаните.

Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес.

Прочитајте повеќе

Јаневска

СДСМ со прашање до министерката Јаневска: Дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата?

Соопштение за јавност на СДСМ Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата …