СДСМ: Партиски делегации го одбележаа големиот државен празник 2 Август - Денот на Републиката

СДСМ: Партиски делегации го одбележаа големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката

Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци на неколку локации.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ, Оливера Чавкар, член на ЦО на СДСМ и Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев, пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Борче Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, и Рената Јајоска, Градска Организација на СДСМ, положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, споменикот на АСНОМ во парк Жена борец и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Пелинце, делегација на СДСМ предводена од Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ и Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Никола Поповски, претседател на ОО СДСМ Демир Хисар, Роберт Наумоски, член на ЦО на СДСМ, и Зорица Петрушевска, член на ИО на OO СДСМ Демир Хисар, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

Прочитајте повеќе

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Зголемувањето на ниските пензии треба да се одвива на друг начин, а не со казнување …