СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците станаа Див Запад

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците станаа Див Запад

Соопштение за јавност на СДСМ

Секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал. Вчеравечер во Чаир во пукотница е повредено 19 годишно момче со 4 прострелни рани.

Ова сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Улиците ни се претворија во Див Запад.

Имаше пукање во Чаир, во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Сингелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица. За сите овие инциденти сторителите не се пронајдени, а од 10 убиства и обиди за убиства, Тошковски успеа да расчисти едвај еден случај.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно неспособни да ги заштитат.

За само 100 дена ова е еклатантен пример за неспособна власт каде криминалците прават што сакаат.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана?

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …