СДСМ: Се враќа оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката - 2016 година никогаш не била поблиску

СДСМ: Се враќа оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску

Соопштение за јавност на СДСМ

Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година.

ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Шокантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.

Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие.

Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.

Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.

Прочитајте повеќе

Партизацијата продолжува – „свои“ луѓе на чело на институциите под превезот на в.д. директори

Партизацијата продолжува – „свои“ луѓе на чело на институциите под превезот на в.д. директори

Оваа олеснета процедура на поставување на т.н. „в.д“ се искористува најчесто од неколку причини: за …