СДСМ

СДСМ: Срамно, се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наум Рамука

Соопштение за јавност на СДСМ

МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта.

Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин.

За шестмина полицајци, МВР предлага  постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.

Ова е брука и срамота.

Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо …