СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ, Собранието и демократијата се најголем проблем

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ, Собранието и демократијата се најголем проблем

Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани,

Иницијативата на претаниците за свикување на седница  во Собранието на Република Северна Македонија е демократски порив.

Да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и да биде во функција и контрола на извршната власт. Така е тоа во секоја демократија.

СДСМ покажува демократски капацитет и во време на криза, нема проблем Владата да биде контролирана од Парламентот.

Собранието е домот на демократијата, каде избраниците на народот го имаат последниот збор.

Но, тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ.

Со одбивањето на оваа иницијатива, опозициската партија покажа дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

Единствена партија за која Собранието е најголем проблем. Единствена опозициска партија која не сака да се свика собранието.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, останува заглавена во својата антидемократска фаза во која Собранието останува нивен непријател.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, против претставниците на граѓаните.

Навикнати од времето на режимот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да имаат контрола над се, на секој институција во државата.

Ова е уште еден доказ за деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

Соопштение за јавност на СДСМ По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е …